Чолаковски блеска за Перт – втор гол во три меча во австралиската А-лига (ВИДЕО)

Стефан Чолаковски, кој пред две години ја освои титулата шампион на Австралија со Мелбурн Сити и дебитира за фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, постигна два гола за Перт глори во досегашните три кола од австралиската А-лига.



Напаѓачот роден пред 23 години во Мелбурн, син на Пепи и Валентина Чолаковски, во денешното 3. коло го отвори резултатот во победата од 2:0 против Синтрал Коуст маринерс, крунисувајќи го контранападот на домашниот тим во 52. минута, само шест минути откако влезе во игра.

Чолаковски погоди и во ремито 2:2 со Њукасл џетс на стартот на лигата на 22 октомври и со два погодока е на делба на третото место на листата на стрелците во најсилната австралиска конкуренција.

Голот на Македонецот по 44 секунди од почетокот на видеото: