Апликацијата на Украина за членство во НАТО досега ја поддржаа 20 земји членки на алијансата, тие потпишаа декларации со Киев по овој повод, најави заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина Игор Жовква.
„До денес, членството на Украина во Алијансата го поддржаа 20 земји-членки“, напиша тој на социјалните мрежи.






