Шпанскиот Сенат ги суспендираше сите предвидени активности во наредните седум ден, поради мерките за заштита од коронавирусот.



Првата потпретседателка на Сенатот, Кристина Нарбона денеска објави дека сите закажани пленарни седници и состаноци на работните тела ќе бидат одложени, без да прецизира кога ќе бидат презакажани.

Причина е детектиран вирус кај генералниот секретар на ултра-десничарската партија Вокс, кој инаку е член на Конгресот, пренесе порталот 360.

Тоа значи дека ќе биде пролонгирано донесување и на одлуката за ратификување на Протоколот за членство на Македонија во НАТО, а Шпаниоја е последната од 29-те членки што треба да го стори тоа, пред Протоколот да биде депониран во Вашингтон.