Членовите на ,,Династијата Иванови” молчат за тешките обвинувања од режисерот Манчевски кој преку лична објава во која објави поднесување на кривични пријави за Фимлскиот фонд ги обвини за несоодветно однесување.
Режисерот Игор Иванов Изи, неговиот татко Зоран Иванов и другите членови на фамилијата Иванови кои се функционери во владини институции засега молчат за обвинувањата од Манчевски.
Досега ниту еден од нив не му одговори на Манчевски ниту ги демантираше наводите на режисерот кој дава свои аргументи зошто смета дека ,,Династијата Иванови” е штетна за македонскиот филм.
Игор Иванов Изи е еден од македонските режисерите кои заедно со Манчевски имаат добиено огромни пари од државните институции за своите филмски проекти но за разлика од Манчевски кој има добиено огромен број награди на светски фестивали неговите филмови имаат скромен успех ако се споредат со парите кои ги добиле од државата Македонија.
Иванов добивал пари речиси подеднакво и од владата на СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ.
Таткото на Игор Иванов Изи, Зоран е екс портпарол на влада на СДСМ и во моментов еден од најголемите апологети и бранители на владата на Димитар Ковачевски.
За што точно е обвинета ,,Династијата Иванови”.
Манчевски тргна во битка со ,,Династијата Иванови”, поднесени кривични пријави за Агенцијата за филм





