Членови на ДУИ од Арачиново најавуваат дека од централата на партијата во Тетово ќе бараат владата и министерот за корупција и криминал да го истражат имотот на градоначалничката на Арачиново Миликие Халими чиј син на својата профилна фотографија има слика со скап автомобил од марката БМВ.
Според жители на селото Арачиново инаку членови на ДУИ синот на Халими низ селото и низ Скопје се вози со прескап автомобил за кој неговата мајка треба да работи 20 години како градоначалничка за да може да го плати.
Според фотографиите се работи за автомобил БМВ Х5 кој нов чини околу 85 илјади евра.

Иако ДУИ и СДСМ се во коалиција на ниво на држава во Арачиново кандидатот на ДУИ најави дека ако не влезе во вториот круг ќе ги повика Арачинивци да гласаат за кандидатот за Алијанса за Албанците и Алтернатива.
ДУИ против СДСМ во Арачиново, луѓето на Заев без поддршка во втор круг





