Членот на комисијата кој ја вознемирил Бугарија е историчар и член на СДСМ

Членот на македонско – бугарската историска комисија која ја вознемирил бугарската влада со провокации за бугарскиот фашизам и масакрите на бугарската армија во втората светска војна на територија на Македонија е историчар и член на СДСМ.



Ставовите, за официјална Бугарија навредливи, на историчарот Професор Александар Литовски биле објавени вчера вечер по првиот работен ден од најновата сесија на историската комисија со Бугарија каде тој е член.

Во текст за провладиниот Слободен Печат професорот Литовски во два најмалку два наврати наводно ги навредил бугарските власти кои одбиваат да признаат дека Бугарија била фашистичка сојузничка на Хитлер и дека ги убила младинците во Ваташа и луѓето во Дабница, затоа што биле дел од македонскиот антифашистички отпор.

“Тука, во Македонија, и плодородната црница, и златножолтиот тутун, и бигорот, и реките и птиците…, ја пренесуваат пораката за борбата и храброста на македонските антифашисти. Македонија ги меморирала и не смее да ги заборави Дабница и Ваташа, Беличица и холокаустот, плачот и илјадниците лелеци на македонските мајки, жени и деца за своите најблиски по фашистичките казамати. Ги памети и песните партизански и маршевите февруарски…

Македонија мора да памети, оти и државноста македонска, е донесена преку крвта антифашистичка и втемелена врз епопејата на бестрашната борба. Едноставно кажано, memento mori партизанска – за Македонија е нужност од која ѝ зависи опстанокот”, пишува Литовски во текстот.

Во текстот објавен од Слободен печат под наслов” Гордост, вистина и слобода (75 години од победата над фашизмот)
Александар Литовски во обид да ги навреди македонските националисти и десничари всушност ја искомпликувал работата на комсијата со Бугарија.

„Комунистите беа оние кои, несфатливо храбро, влетаа во антиокупаторската и антифашистичка борба, ги дадоа своите животи за да имаат држава денешниве десничарски глупаци, за да имаат свои македонски институции, образование, култура, јазик, политичка слобода, покрив над главата, фабрики, училишта и друга инфраструктура.

Минатото живее додека трае во сеќавањето на живите. Минатите настани изразени преку звук, боја, текст и волумен се дел од животот. Па, дури, и самиот живот. Особено кога се однесува на оние преломни години на националноослободителна борба вербата на правдољубивите македонски синови во победата на правдата, братството и социјалната еднаквост им даде сила неможното да го направат можно, да јуришаат и да ги поразат силите на мракот, силите на фашизмот, силите на домашните мизерни одроденици и петоколонаши”, е вториот дел од текстот за кој Бугарија смета дека е провокација од официјално Скопје.

Литовски, според бугарските аналитичари за Бугарија зборува и во друг дел од текстот:

“Антимакедонско лудило
Добро е да се знае и памети: само малкумина се одважија на антиокупаторски и антифашистички храбар од. Повеќето талкаа низ мракот во погрешна насока и молчеа пред злото. И, истовремено, додека некои страдаа, гладуваа, премрзнуваа и се бореа за македонските интереси, за социјална и национална правда, од нашите десничарски пијани биртии одекнуваа национал-шовинистичките песни на врховистичко-бугароманските одроденици и албанско-балистичките предавници, а рацете на сите овие фашистички силеџии и љубители на Хитлеровиот „нов светски поредок“ беа целите крвави од колењето на македонољупците, слободољупците и правдољупците.

Како официјална Софија ги пречекаа овие пораки од Литовски кој е член на СДСМ.

Кој од македонските историчари – научници – преговарачи не можел да се воздржи

Колумната на Литовски во Слободен печат на следниот ЛИНК

Инаку, Литовски уште лани во декември изјави дека со вакви ставови на Бугарија не може да има поместување кон добрососедство.

Литовски: Со ваква политика од Софија нема поместување кон добрососедство

Ќе се извини ли сега Литовски во интерес на политиката како што бара Софија или ќе остане на своите ставови кои за Софија се провокација ќе се види до вечерва кога комисијата треба да излезе со заедничко соопштение или изјава.

Фото: Bitola News