Членот на ДУИ кој се обиде да го убие струшкиот полициски началник се соочува со 20 години затвор

Напаѓачот кој се обиде да го убие струшкиот началник на полицијата Дритан Ајро се соочува со 15 години затвор.



Ајро кој е надвор од животна опасност е во струшката болница а неговото напаѓач поради опасност дека може да избега од затворот кој има само отворено оделение наместо во Струга притворот од 30 дена го минува во затворот Идризово.

Напаѓачот кој е член на ДУИ се товари за две кривични дела за кои може да добие до 20 години затвор која е максимална казна затвор во Македонија.

Едното дело за кое се товари велештанецот е убиство во обид а другото е напад врз службено лице.

Во петокот на 28.07.2023 околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што околу 17.30 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга.

За кривичното дело убиство во обид напаѓачот се соочува со најмалку 5 години затвор но максималната казна според овој член е 20 години затвор.

Членот 19 од Кривичниот законик

(1) Тој што ќе нападне или сериозно се заканува дека ќе нападне
службено лице или лице кое помага при вршење работи на јавната
безбедност или заштита на уставниот поредок на Република Македонија
што се однесуваат на спречување или откривање кривично дело, фаќање на
сторител на кривично дело, чување на јавниот ред и мир или чување на лице
лишено од слобода, ќе се казни со парична казна или со затвор до три
години.
(2) Ако при извршувањето на делото од став 1 сторителот се заканува
со употреба на оружје или друго опасно орудие, го малтретира или го
навредува службеното лице или лицето кое помага или телесно го повреди,
ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(3) Ако при извршувањето на делото од став 1 на службеното лице или
на лицето кое помага му е нанесена тешка телесна повреда, сторителот ќе се
казни со затвор од една до десет години.
(4) Ако сторителот на делото од ставовите 1 и 2 бил предизвикан со
незаконито или грубо постапување на службеното лице или лицето кое
помага, може да се ослободи од казна.

За напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 од крицичниот законик согласно став
3 напаѓачот треба да лежи 10 години.

Член 383

(1) Тој што ќе нападне или сериозно се заканува дека ќе нападне
службено лице или лице кое помага при вршење работи на јавната
безбедност или заштита на уставниот поредок на Република Македонија
што се однесуваат на спречување или откривање кривично дело, фаќање на
сторител на кривично дело, чување на јавниот ред и мир или чување на лице
лишено од слобода, ќе се казни со парична казна или со затвор до три
години.
(2) Ако при извршувањето на делото од став 1 сторителот се заканува
со употреба на оружје или друго опасно орудие, го малтретира или го
навредува службеното лице или лицето кое помага или телесно го повреди,
ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(3) Ако при извршувањето на делото од став 1 на службеното лице или
на лицето кое помага му е нанесена тешка телесна повреда, сторителот ќе се
казни со затвор од една до десет години.
(4) Ако сторителот на делото од ставовите 1 и 2 бил предизвикан со
незаконито или грубо постапување на службеното лице или лицето кое
помага, може да се ослободи од казна.

* Во првата верзија на овој текст стоеше дека напаѓачот бил префрлен во Охрид но тој сепак е префрлен во Скопје