Според најновите податоци од Инсититутот во Кил за светска економија, германски тинк-тенк, членките на НАТО одвоиле најмалку 75,2 милијарди евра (80,5 милијарди долари) финансиска, хуманитарна и воена помош во периодот од 24 јануари до 20 ноември 2022 година.



Со 47,8 милијарди евра (51,2 милијарди долари), САД се на прво место во помошта за Украина, од кои најмалку 22,9 милијарди евра (24,5 милијарди долари) се наменети за војската, 15,05 милијарди евра (16,1 милијарди долари) финансиска помош и 9,9 милијарди евра (10,6 милијарди долари) хуманитарна помош.

Воената помош вклучува оружје, опрема и финансиска помош за украинската војска. Хуманитарната помош опфаќа медицински, прехранбени и други производи за цивилите, додека финансиската помош доаѓа во форма на грантови, заеми и гаранции.

Велика Британија е втора со ветени 7,1 милијарди евра (7,6 милијарди долари) на Украина, додека Германија е трета со 5,4 милијарди евра (5,8 милијарди долари).

Не-членките, Шведска и Финска, доделија најмалку 810 милиони евра (867 милиони долари) и 310 милиони евра (332 милиони долари), соодветно.

Од 20 ноември, САД и другите земји ветија дополнителни воени пакети на Украина. Ал џезира

Графикон со детален преглед за тоа колку секоја земја одвоила за помош на Украина.