Членки на ЕУ со масовно кршење на ембаргото за извоз на оружје во Русија

Земји-членки на ЕУ извезувале оружје во Русија по ембаргото во 2014 година открива извештај подготвен од група европски новинари објавен на сајтот https://www.investigate-europe.eu/en/2022/eu-states-exported-weapons-to-russia/



Ракети, авиони, ракети, торпеда, бомби се меѓу арсеналот кој Русија продолжила да го купува од ЕУ најмалку до 2020 година.

И покрај тековното ембарго, десет земји-членки извезле воена опрема во вредност од 346 милиони евра, според јавните податоци анализирани од Investigate Europe. Некои од овие оружја сега би можеле да се употребат против Украина.

На 17 март 2022 година новинарите Лоре Брило, Ана Ќуриќ, Марија Маџоре, Леила Мињано и Нико Шмит објавија дека до пред нешто повеќе од една година, Владимир Путин и неговата армија сè уште биле добри клиенти на европската индустрија за оружје.

Третина од земјите-членки на Европската унија извезувале оружје во Руската Федерација, според податоците од официјалната Работна група на Советот за извоз на конвенционално оружје (COARM), анализирани Investigate-europe.eu.

Податоците од сите официјални регистри за извоз на оружје на ЕУ-27 покажуваат дека во периодот од 2015 до 2020 година, најмалку 10 земји-членки на ЕУ извезле оружје во Русија во вредност од вкупно 346 милиони евра.

Франција, Германија, Италија, Австрија, Бугарија, Чешка, Хрватска, Финска, Словачка и Шпанија – во различни размери – продадоа „воена опрема“ на Русија. Истрагата покажала дека терминот „воена опрема“ е широк и може да вклучува проектили, бомби, торпеда, пиштоли и ракети, копнени возила и бродови.

И покрај ембаргото на Европската унија кое забранува продажба на оружје на Русија и кое е во сила од 2014 година ЕУ членки вршеле директна или индиректна продажба, снабдување, пренос или извоз на оружје и поврзан материјал од сите видови, вклучително оружје и муниција, воени возила и опрема, паравоена опрема и резервни делови.

Одлуката за ембарго за продажба на оружје на Русија уследи во 2014 година по анексијата на Крим и прогласувањето на сепаратистичките републики во Донбас. Сепак, во ЕУ трговијата со оружје кон Русија продолжила, како што покажуваат официјалните податоци.

Многу од земјите на ЕУ кои извезуваа оружје во Русија ја искористија правната дупка во регулативите на ЕУ за да ја продолжат својата тековна трговија.

Работната група за извоз на конвенционално оружје на Советот одговори на прашањата на ИЕ, објаснувајќи дека „ембаргото за оружје на ЕУ го содржи следново изземање: договори склучени пред 1 август 2014 година или дополнителни договори неопходни за извршување на таквите договори. Бројките што ќе ги најдете во базата на податоци треба да спаѓаат под овој исклучок. Земјите-членки се одговорни да обезбедат усогласеност со ембаргото за оружје и со заедничкиот став на ЕУ“. Затоа, заклучува COARM, „земјите-членки не ја вооружуваат Русија“.

Но, заклучокот не е толку едноставен. Симон Веземан, виш истражувач во Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ), прави разлика помеѓу редовната економска трговија и извозот на оружје. „Оружјето е дел од нашата надворешна политика, а не од економската политика. Политичките причини се главната работа“.

Кои се земјите кои го кршеле ембаргото и колку пари заработиле од извор на оружје со кое сега Русија врши агресија на Украина во целиот извештај

https://www.investigate-europe.eu/en/2022/eu-states-exported-weapons-to-russia/

За кршењето на ембаргото од ЕУ кон Русија пишуваа и британски медиуми кои откриваат дека само Франција и Германија сами извезле околу 270 милиони евра вредно оружје во Русија кое сега се користи на дел од фронтовите во Украина