Член на владата се оградува од одлуката на владата за Бехтел и Енка

Не сум учествувала во Управувачкиот комитет ниту сум била дел од преговорите со „Бехтел и Енка“, изјави вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.



,,Не сум учествувала во Управувачкиот комитет ниту сум била дел од преговорите. Не. Тоа го водел сосема друг состав на Управувачки комитет, ниту пак бев во државата кога Договорот се разгледувал на седница на Влада”, изјави Грковска запрашана зошто ако била во Управувачкиот комитет и била запознаена со содржината на Договорот со Бехтел и Енка според кој имало и поевтина и поскапа опција, не ја предупредила Владата дека проектот ќе чини многу поскапо.