Член на владата призна дека на екс еврокомесар на ЕК кој наводно постапил надвор од сите процедури му било дозволено да влезе во затворот Шутка.
Зошто на човек кој според Маричиќ е неважен и без никаква функција постапил надвор од законите му било дозволено да влезе на средба со Орце Камчев останува енигма.
Министерот за правда Бојан Маричиќ во Утрински брифинг тврди дека вчерашното посета во затворот „Скопје“, кога поранешниот еврокомесар и поранешен специјален пратеник за верски права Јан Фигел инсистирал да влезе и да го посети притвореникот Орце Камчев е многу врева за ништо.
“Многу врева за ништо, има една драма од Шекспир. Мислам дека целата таа приказна е пренапумпана во јавноста веројатно со некаква цел. Средбата на Фигел со Орце Камчев е на барање на адвокатот на Камчев. Побарано е пред два дена од судот, а потоа се појави пред затворот и побара да се види со Орце Камчев. Бев известен, побаравме информации од Европската комисија и од Словачката амбасада, нему сите фунции му се веќе одминати. Се работи за приватна иницијатива и од судот имале дилема дали во моментов има некаква функција. Проверено е и утрдено е дека нема функција. Немаше одобрение од судот во одредено време, потоа е дозволено. Ниту јас ниту еврокомесарот Вархеи не сме ургирале кај никого за да се случи или не се случи посетата, тоа се шпекулации”, тврди министерот за правда Бојан Маричиќ.
Тој тврди дека сите притивореници и затвореници имаат редовни посети од адвокатите и блиските луѓе од семејството.
“Орце Камчев пред неколку месеци имаше и барање за посета и од Хелсиншки комитет за човекови права и тоа му беше одобрено. Николу ништо не му е забрането. Морам да напоменам дека вон сите процедури е појавување пред затворот и барање да се види со затвореник или притвореник, работа е на судот одобрение за посета на лицата во затворот”, вели Маричиќ кој практично признава дека правосудниот систем направил грешка.
Ако според Министерот Маричиќ, посетата на еврокомесарот и поранешен специјален пратеник за човекови права Јан Фигел, е ,,многу врева за ништо’’ тогаш тој мора да даде објаснување зошто тој човек за кој ,,провериле дека нема функција’’ беше толку проблем да биде пуштен да го посети г-динот Камчев?
Маричиќ кој смета дека се случила ,,многу врева за ништо’’ , не открива зошто тогаш еврокомесарот за проширување Верхаји морал да реагира откако неговиот колега и личен пријател Фигел го побарал откако беше оставен пред вратите на КПУ Скопје без објаснување.
Маричиќ го премолчува и делот од скандалот во кој од врвот на владата го побарале ,,невлијателниот и небитен’’ Јан Фигел да му се извинат за тоа што останал да чека пред затворот Шутка и морал да ургира за да биде пуштен.
Министерот Маричиќ не го коментира ни фактот што баш во истиот ден, во Скопје се случува промоција на проект на ЕУ за состојби во затворите и “сосема случајно” во официјална посета на Скопје беше и Оливер Верхаји?
Контрадикторноста на Маричиќ која јавно ја признава е пред се во фактот што во затворот Шутка влегол наводно неважен човек надвор од сите процедури за што некој мора да биде казнет.
Министерот што го признава тоа во нормални земји дава оставка или оди да прочита една друга драма од Шекспир: Комедија на грешките.






