Член на работната група за уставот поддржува затвор за стотина македонски новинари

Меѓу членовите на работната група која ќе треба да ја подготви предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот, чиј предлагач е Владата се наоѓа професорка која поддржува затвор за стотина македонски новинари.



Во таканаречената Експертска работна група покрај другите експерти (Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани – поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски – поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Елена Михајлова Стратилати – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска – професор на Меѓународен Славјански Универзитет,Марија Пандевска – професор на Институт за национална историја) се наоѓа и Ана Чупеска – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”.

Пред два месеци Професорката на правниот факултет во Скопје Јустинијан Први, Ана Чупеска Станишева даде јавна поддршка на налудничавата идеја стотина македонски новинари да завршат в затвор.

Професорката Чупеска која важи за еден од главните апологети на власта а која доаѓа од високото образование ставила знак допаѓање на статус на новинарот Бранко Тричковски кој смета дека стотина македонски новинари треба да бидат лишени од слобода и ставени во затвор.

На Тричковски со оглед на неговата тешка состојба веќе никој не му забележува но шокантно е што професорката од Правниот факултет Чупеска Станишковска која треба да се води од правото јавно да заговара апсење на стотина македонски новинари меѓу кои се Снажана Лупевска, Оливера Трајковска, Бранко Героски, Горан Момироски, Драган Милосављевиќ и многу други.

,,Јас можам да наведам имиња на дваесетина, не повеќе новинари, кои се чисти. Типот што е приведен не е меѓу нив. Не е ниту Кикифрики. Кој со презумпција на полициската и обвинителска вина отишол да го брани малото скотче со големи скотилаци. Па уште му се јавил и на министерот. Горанчо денеска требаше да наполни десет години в затвор, а Геро да го лепи петстотиот број на зидниот весник ШПИЦ АПС. Во новиот затвор во Струга. Алфа требаше да биде новото крило на КПД “Идризово”, а Телма, занаетчиски и рекреативен центар за затворените измамници и злосторници од областа на новинарството. А ЗНМ требаше да биде елиминиран како сервисен центар на злото”, вели во статусот на кој Чупевска ставила знак допаѓање (like) и со тоа ја поддржала идејата за апсење на стотина новинари.

Таа ја поддржува идејата новинарите кој не му се допаѓаат на Тричковски а кои доаѓаат од Телма и Алфа да бидат елиминирани. Предходно овие две телевизии беа директно нападнати од премиерот Ковачевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

,,Македонија мора да најде начин да ја порази Групата Вагнер во медиумите. Да му го свие вратот на нивниот Пригожњи, а вагнеријанската пешадија и нивните специјални единици да ги елиминира. Правно, морално, професионално, еснафски, административно. Луѓе сме, нема да се тепаме”, стои во статусот кој го поддржува Чупеска.

Досега Чупевска која сега ќе работи на промена уставот не ја повлече поддршката за апсење на македонски новинари.

Професорка на ,,Јустинијан први” поддржува затвор за Лупевска, Момироски и стотина македонски новинари

Чупевска не е единствена контроверзна личност во работната група

Симпатизер на Путин ќе го менува македонскиот устав за Бугарија (ГАЛЕРИЈА)