Висок функционер на една партија во МВР давал исказ за кривично дело поврзано со изборите.
Ѓорѓи Галетановски, директорот на Зоолошката градина во Скопје и член на Извршниот Комитет на една партија на својот фејсбук профил од граѓаните барал да се шкртне зборот „Северна“ од гласачкото ливче.
По овој потег кој се коси со членот 160 од Изборниот законик тој денеска бил повикан на разговор во Секторот за економски криминал во МВР.
Од полицијата потврдуваат дека Галетановски кој беше шеф на скопскиот изборен штаб во кампањата на Стево Пендаровски за претседател е повикан откако неговата објава вчера и денеска била споделувана по социјалните мрежи.
Галетановски бил пријавен од анонимно лице, исказот траел еден час по што бил пуштен.
Слична порака вчера упати и професорот Ѓорѓи Спасов екс министер за правда и амбасадор но Спасов не е повикан во полиција.
Доколку гласачите направат било каква друга интервенција на гласачкото ливче освен заокружување на бројот на кандидатите тоа станува неважно а нивниот глас пропаѓа.
Луѓето кои со измама ќе наведат гласачи да го поништат ливчето можат да завршат затвор за изборни измами.





