Член на бугарската комисија: Од Делчев зависи дали Македонија ќе почне преговори со ЕУ

Одлуката на комисијата за Гоце Делчев веројатно ќе биде клучна за нашите односи со Македонија“.



Оваа позиција која значи дека без решение за Гоце нема преговори за Македонија со ЕУ за БТВ ја даде историчарот Наум Кајчев, копретседател на заедничката историска комисија со нашиот сосед.

„Таму историските извори се повеќе од јасни. Станува збор за многу прагматична и рационална одлука на политичката и интелектуалната елита на Македонија да оди напред“, рече Кајчев.

Тој предходно тврдеше дека Гоце бил и Бугарин и Македонец.

„За кралот Самуил имаме одредена конвергенција на ставови, но важно е целиот пакет на средновековната историја да биде завршен. Историјата е основата од која произлегуваат други проблеми“, додаде историчарот.

На прашањето дали има руско влијание врз разговорите со северна Македонија, Кајчев вели дека тоа е можно.

„За Русија би било поволно да има Северна Македонија, која е поблиску до Србија, а оттаму – поблиску до Унгарија. Таквите земји би правеле неволји и во ЕУ“, додаде Крајчев