Член на “Бугарската комисија” и член на СДСМ “пукна”: Ментални и морални инвалиди

Членот на Историската комисија со Бугарија историчарот Александар Литовски кој се противи на позициите на врвот на својата партија на чело со премиерот Заев за македонската нација и јазик согласно барањата на Софија, со критика на “ползачите” меѓу македонските интелектуалци кои за да ги задржат своите бенефиции се обидуваат по секоја цена да им угодат на политичарите.



Во колумна во која споменува “Ментални и морални инвалиди” Литовски пишува дека полуинтелектуалците цената што ја „плаќаат“ во вид на ползење, коленичење, понижување пред партискиот лидер, или неколкуте врвни партиски функционери, нив воопшто не им смета и не ги загрижува.

“Бидејќи нив единствено ги интересира профитот, а фактот дека за сите други тоа е полтронско губење на достоинството, нив воопшто не им пречи оти тие такво нешто не поседуваат и, сосема нормално, не може да го загубат. Затоа, никој умен не би смеел да биде изненаден што овие празноглавци успеваат да се претворат во „ѕвезди“ на политичката или културната естрада, но секој нормален треба да ги презира и избегнува.

Во време во кое не зафати бела чума, време во кое мнозинството е робовски експлоатирано, во време во кое многумина се рудари по контејнерите или, едвај, врзуваат крај со крај во месецот, во време кога широко е распространета духовна мизерија, во време кога луѓето имаат илјада лица и ги кријат со маски, во време на изразена интелектуална плиткост, во време на клерофашистички вредности, во време на здравствени катаклизми, рамнодушно и немо да се гледаат нашите македонските полуинтелектуалците од високата средна класа е рамно на интелектуално предавство и ментален мазохизамц, пишува Литовски кој иако член на СДСМ се спротивставува на обидите на неговата партија да ги прифати барањата на Бугарија и сугерира:
“Наспроти тоа, човек треба со нив да се бори и гласно за нив да зборува, треба да се обиде да ги разголи овие ментални и морални инвалиди, кои како некаков страшно инвазивен карцином го разјадуваат здравото, креативно и плодоносно, човечко ткиво, а сè со цел да се изолираат во карантин за опасни болести и да се отстрани нивното погубно влијание”.

Целата колумна на овој ЛИНК