Спас Ташев од Институтот за истражување на населението и на човекот при Бугарската академија на науките (БАН) сподели на Фејсбук информација што ја добил од Скопје за нападот врз навивачите на Левски во Чаир, а чија содржина ги надминува филмските блокбастери со научнофантастична тематика.
„Денеска од Скопје ми беше испратена оваа информација:
‘Имаме целосна информација:
ДПМНЕ со Министерот за внатрешни треба да се казнат.
ДПМНЕ подло се уфрли меѓу напаѓачите за да изгледа дека Албанците ги нападнале Бугарите, а според жестината на ударите тоа се посрбени Македонци од ДПМНЕ’“, гласи (дез)информацијата што ја добил статистичарот, демограф и еден од најгласните во антимакедонската кампања во Бугарија.






