Навивачката група „Чкембари“ на натпреварот на нивните миленици од Еурофарм Пелистер против АЕК во Европската ракометна лига излегоа со транспарент со порака до Грција.
„Нашето име Македонија е славно и не одговара на ниту една придавка“, порачаа „Чкембари“, чија кореографија на трибините во салата „Боро Чурлевски“ содржеше и знамиња со сонцето од Кутлеш.
Истакнувајќи го транспарентот, тие громогласно ја испеаја македонската химна, по што создадоа пеколна атмосфера за гостите од Атина.






