Чкатровски до Заев: Ќе ја платите цената со СДСМ, доцна ти е за добри советници

Политичкиот аналитичар и соработник на неколку меѓународни тинк-тенкови Даме Чкатроски смета дека премиерот Заев треба да се кандидира за претседател затоа што така нема политички да се потроши.



Чкатроски смета дека Заев и СДСМ ќе мора да ја платат политичката цена за грешките како доделување државни средства на сомнителни луѓе.

Целата кратка анализа на Чкатроски:

Да, сакав Зоран Заев за да не се потроши да си се кандидира за Претседател. Да,знам дека сте кусогледи и знам дека лесно сакате да ги потрошите хероите. Од што ги трошите оваа земја нема баш херои.

Ми напишавте дека ќе било тоа крах на СДСМ и дека ќе била ситуацијата иста како со Бранко.
Денес имате ама баш исто во секоја смисла на зборот.

Исто како со Бранко и ист СДСМ како тогаш.

На крај сепак би му дал поддршка на Зоран Заев за овие 76 пратеници да ги стокми над 80.

Само овој пат има две/три работи:

1.Кога ти укажуваат слушај. Во политиката нема апослутно мудри. Дури и Черчил ги изгуби изборите после добиената 2 Светска Војна.

2.Веќе ти е доцна за добри советници. После онаков крах на делење пари на безвезни особи не сум сигурен дека кај добрите советници би поминал ефтино, а и поразително е да бидат ефтини.

3.Политички ќе ја платиш цената тоа е прво лице еднина .., а СДСМ секако ќе ја плати цената само од 2-3 работи – недостаток на капацитет (ЛАК ОФ КАПАСИТИ), а не од вакви заебанции на правниот систем кој одамна не постои.

По овој пат кој го одбра секогаш ќе добиеш, само ретроактивностите можат да ја урушат тотално ситуацијата.

И тоа ќе не плаши сите. Овој пат малку повеќе од обично.

Поддршка за Зоран Заев ..ова беше тоа.

Ете тоа е тоа ..