Чкатроски: Опстанокот на Владата на Заев зависи од Атина

Политичкиот аналитичар и соработник на странски тинк – тенкови Даме Чкатроски смета дека ако Ципрас не добие поддршка за Преспанскиот договор, ќе падне македонската влада.



Според него договорот за иднината на Македонија на меѓународен и внатрешен план зависи од Парламентот во Атина.

“Доколку изгласаат Грците, СДСМ треба да се посвети и да си ги среди работите внатре во земјата и да чека редовни избори”, смета Чкатроски според кого капацитетот на СДСМ во институциите е многу лош.

“Посебно е лош односот на функционери на СДСМ кон сопствените членови и кон неопределените, и затоа на СДСМ веднаш им трњба:

1. Еден ТИНК/ТЕНК За да ги разбудат Градоначалниците

2.Еден тинк- тенк кои би се грижел за Централната Власт”.

Чкатроски анализира дека промените во Пи-арот на Владата се неопходни и мора да се брзи. Ако не се, Пи – арот ќе ги чинат наредните избори на кои СДСМ ќе бидат виновници Бр.1.

Второто сценарио ќе се случи доколку Грчкиот парламент не го изгласа договорот. Во таков случај несомнено Македонската влада ќе падне.

“Доколку Владата падне е неопходна е Експертска влада со полни овластувања..за попис, изборни закони и ревизија на Избирачкиот список во период од денес од 1 до 1,5 година.

Таквата влада, доколку Грчкиот парламент не изгласа би го вратила времето малку по назад и голем дел на Вмро-функционерите ќе завршат прописно во Шутка.

Така да, нека молат Вмро-Дпмне да помине договорот во Грчкиот парламент оти заминаја јабана”, тврди Чкатроски.

За кандидатите за претседател Чкатроски предвидува дека СДСМ би победиле со лик од Шарената Револуција прифатлив за албанскиот лекторат.

“За цврст СДСМ функционер – НЕЗНАМ.
На крај се надевам на исход во грчкиот парламент и се по точка А. Колку и да звучи нелогично и лошо 50 функционери на Вмро-Дпмне дали ќе одат во затвор или не ,зависи од гласањето на парламентот на Атина. Но пошто на Вмро-Дпмне не им сечи умот дека со такво гласање против во Атина ќе биде ситуацијата под странска контрола и СЈО. Останува да причекаме што ќе одлучи Атина за нашата иднина и внатре и надвор ..се надевам нема да не спотера за понадвор”, смета Чкатроски.