Чкатроски: Има решение меѓу Македонија и Бугарија, ако нема – Владата е пред распад

Дали се решава спорот со Бугарија?
На општо задоволство, ДА.



Дури без да удираме по емоции, се решава онака галантно на задоволство и незадоволство на двете страни.

Секоја страна ќе биде задоволна со решението.

За жал на националистите од двете страни, малку ќе ги боли ама ќе им помине.

Инаку насреде игра министерот Бујар нешто го стегна стомакот. Нешто и цела влада ја стегна стомакот па бараат тајм аут за дома да работеле.

Имаше некогаш и такви кои економијата ќе ја средувале внатре, а за друго лесно.
Не бе дечки не е ова фудбал па на Мирчета и на Кирета им се јаде или ги стегнал пролив па ај тајм аут.

Жалам што владава ви е тотално пред ПАД И РАСПАД доколку има и овој пат НЕ.
Жалам што Вмро-Дпмне бараат смешни брзи избори.

Жалам што ВИЕ и вашите тапа советници и цела галерија на експерти ги ислушавте онака дури мислевте на тендери.

Жалам што се договаравте со се и сешто и денес сме ваму каде што сме.

Жалам што стигнавте на дереџе по умот на дунстери да владата може да се собори со вето од Софија.

Жалам што вие си мислевте дека се си знаете и дека треба да се поработи или читај приграби или читај уште некој тендер.

Дали спорот со Бугарија е решлив. Да бе дечки. Но решението би ве направило само среќни за нови тендерски победи.

Со решение и без решение овој народ веќе нема што да добие и изгуби.

Дали треба да ви се каже ,соопшти или напише решението?

Во овој момент, вие самите знаете колку лидерите тоа го заслужиле. Да,таму е и одговорот.

Со среќа ако добиете ДА, а ако добиете не, па лето е, а има стомачни вируси.

И за на крај.

РЕПУБЛИКА С. МАКЕДОНИЈА Е ИСПРАВЕНА ПРЕД ЕДНА ОД НАЈТЕШКИТЕ ПОЛИТИЧКИ КРИЗИ,АКО НЕ И НАЈТЕШКА ОД НЕЈЗИНОТО ОСАМОСТОЈУВАЊЕ.

Ние сме аматери и не сме платени да мислиме за излезните решенија.

Да имате полно здравје и ксмет и да ве чува умот.

Даме Чкатроски