Чкатроски бара Османи да не игра по ,,црвената линија”

Аналитичарот Даме Чкатровски реагира на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи кој утрово обвини дека луѓе што работеле во институциите во Софија лобирале против договор со Бугарија.



Османи не даде никакви докази за тврдењето ниту најави постапка.

За многумина изјавата на Османи е најава дека за време на финализирањето на договорот со Софија власта ќе бара проруски ,,предавници” и непријатели на државата и НАТО.

И за Чкатроски изјавата на Османи е опасна и ризична а во исто време несериозна кога веќе нема никој конкретно посочен или обвинет.

,,Ауу имало некакви што работеле, мајката, против интересите на оваа земја и работеле во администрација..

Море мајката..за вакви прашања Зокио да си прашате.

Инаку Бујар си игра по црвена линија, ако нема обвинение и личности тој треба да биде обвинет”, пишува Чкатроски.

Што кажа Османи утрово

Османи вели дека лица се јавувале во Софија и лажеле дека ќе има избори – за да не се реши спорот