Постојаниот претставник на Русија во Европска унија, Владимир Чижов застана во одбрана на францускиот претседател Емануел Макрон и неговото вето за старт на преговори со Македонија и со Албанија.



„Претседателот Макрон има поента велејќи дека ЕУ треба прво да се справи со своите внатрешни прашања пред да се прошири“, го цитира „Фајненшел тајмс“ амбасадорот-ветеран, кој на оваа функција е од 2005 година.

„И, се разбира објективно, да се каже дека и Северна Македонија, а особено Албанија, се подготвени за членство, би било огромно претерување – со сета почит кон тие две држави“, додаде Чижов.