,,Од прво одделение, што би се рекло, каде се третираат теми што би можеле да бидат спорни во едукацијата на новите генерации, се до крајот на гимназиското образование. Значи таму каде што државата учествува во создавањето на перцепција од одреден историски настан, географски топоними и слично‘‘, изјави шефот на македонскиот експертски тим во пресрет на денешната средба на заедничкиот грчко-македонски интердисциплинарен комитет, амбасадорот Виктор Габер, за Сител.



Променетите учебници по историја во Македонија и во Грција треба да бидат готови веќе со следната учебна година.

Од грчкото МНР денеска соопштија дека, освен рамката на делување Комитетот ќе треба да се фокусира токму на учебниците.

,,Договорот од Преспа е јасен во однос на тоа дека работата на комисијата ќе почне привремено, додека не стапи во сила договорот. Договорената привремена работа е резултат на познавањето на двете страни дека до тогаш, ќе треба да бидат донесени сите неопходни одлуки за веќе од следната учебна година, ниту еден учебник или помошен училишен материјал да не треба да содржи иредентистички/ ревизионистички наводи, како што налага Договорот од Преспа. Јасно ни е дека за имплементација на одлуките што се однесуваат на учебниците е потребен период од неколку месеци. Тоа треба да се има предвид за да се имплементира веднаш, што влезе во сила Договорот од Преспа, во согласност со распоредот на кој се обврзаа двете страни‘‘, објави грчкото МНР, пренесува „Сител“.