,,Политичко – медицинска” кујна сака да го уништи најдобриот млад гинеколог во Битолската болница, тврдат колеги и пациенти кои добро го познаваат специјалистот Михајло Вангелов.
Овој лекар деновиве е под интерес на јавноста откако се случи немилиот настан со битолска родилка која го загуби чедото веднаш по пороѓај.
Локалната ,,Здравствена мафија”, поврзана со владеачката СДСМ одамна сакаше да се пресмета со Вангелов затоа што не оди по нивниот ум, тврди добро упатен извор од битолската болница кој вели дека Вангелов е симбол на се она што не е раководството на болницата: Вреден, образован, секогаш подготвен да помогне без разлика на тоа кој е пациент.
Беше прашање на време кога ќе се пресметаат со докторот велат негови колеги кои имаат прецизни информации според кои Вангелов воопшто не бил на работа кога била примена родилката која го загубила бебето.
Зошто сега не се истражуваат тие што ја примиле пациентката туку токму лекарот поради кој во болницата идат и луѓе надвор од Битола е прашање на кое немаат одговор но сугерираат тоа прашање да го расчисти Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој го истражува случајот.
Битолската здравствена мафија која сега се пресметува со гинекологот Вангелов предходно преку повеќе медиуми и институции веќе дала налог тој да биде казнет иако сите во болницата знаат дека не е виновен.
Според соопштението ДСЗИ при вонредниот надзор во битолската Клиничка болница по смртта на новороденчето, утврдил извесни административни пропусти при лекувањето и третманот на 24-годишната родилка М.К, стои во извештајот на Инспекторатот.
„Во медицинската евиденција не се внесени дадените препораки и нема отпусно писмо. Исто така, нема евидентирано анамнеза и статус на пациентката од страна на дежурниот лекар М.В. кој го извршил приемот. Против дежурниот лекар, Болницата и одговорното лице во Болницата ќе бидат изречени прекршочни мерки, а додека во врска со стручниот дел од лекувањето и третманот на пациентката, ДСЗИ ќе иницира стручен надзор, согласно чл. 296 од Законот за здравствена заштита“, се вели во извештајот на ДСЗИ.
Обична проверка на ДСЗИ ќе утврди дека никој во болницата не ги почитува правилата за кој зборува инспекторатот но сега за тоа се гони само Вангелов, вели искусен медицински работник.
Младата мајка, немала никакви здравствени проблеми, а бременоста и’ била нормална. Пораѓајот бил извршен со вакуум, бебето било родено живо, но со слаба срцева активност, и по два часа, за жал, ја изгубило битката за живот.






