Чиј претседател е Пендаровски? Според лајковите, на Малезија или на Индонезија

Твитот на претседателот Пендаровски во кој објаснува зошто решил Македонија да не влегува во Европската економска заедница покажа загрижувачка активност на Твитер која наметнува две дилеми:



1. Чиј претседател е Пендаровски на Македонија или на Малезија и Индонезија?

2. Дали кабинетот на шефот на државата има најмено структури кои му обезбедуваат поддршка (лајкови и ретвитови) за пари од таканаречени “ботови” на социјалните мрежи?

Внимателно видете ги профилите на над 90 % од луѓето на кои им се допаднала објавата на Пендаровски.

Ќе видите дека тие се од далечни земји кои немаат никаква врска со Македонија ниту знаат да читаат кирилица.

Вакви или слични подддршки се користат од политички ентитети кои сакаат да прикажат фиктивна јавна поддршка поголема од таа што реално ја имаат.