Грците ги сметаат за свои зашто биле од селото Авдела кое денес е во рамки на Грција.
Припаѓаат и на албанската култура зашто го снимиле Албанскиот конгрес .
…на српската, бидејќи биле дворски фотографи на кралот Александар Први Караѓоргевиќ.
Дел се од бугарската култура зашто направиле фотографии за време на бугарската окупација во Битола, а Јанаки создал и многу фотографии додека бил во тригодишна интернација во Пловдив.
Браќата се дел и од романската култура – иако не биле Романци –од каде имале голема поддршка, а првата тутула дворски фотографи ја добиле токму од романскит крал Карол 1 и имале големата изложба во Букурешт 1906.
Ги фотографирале настаните поврзани со Младотурската револуција, а го снимиле и своето филмско ремек дело во 1911, доаѓањето на султанот Решад во Битола од кого биле прогласени за дворски фотографи истата година и можеби затоа најмногу припаѓаат на отоманската – турската култура…
На прашањето кои биле Милтон и Јанаки Манаки од Битола се обидува да даде одговор документарниот филм „Манаки-приказна во слики“, на Роберт Јанкулоски, пишува порталот СДК
Филмот прикажан на синоеќшното затворање на 40. издание на фестивалот „Браќа Манаки“ носи заклучок дека тие со своето творештво се дел од повеќе култури и истории, но нивниот дом е Битола.





