Ванчо Чифлиганец, првиот човек на градежна компанија Адора инженеринг најави дека го сели бизнисот надвор од Mакедонија.



Клучна причина за „преселбата“ на активностите, Чифлиганец ја лоцира во неповолната бизнис клима во земјава, но и неможноста да градат во општина Центар каде имаше мораториум за изградба на нови објекти. Тоа придонело од 500 вработени компанијата да се сведе на само 25 луѓе.

„Се додека не се создаде поволна бизнис клима во градежништвото-високоградба во Македонија, Адора инженеринг ќе делува надвор од границите на Македонија. Мислевме дека рецесијата ќе ги вразуми властите во Општина Центар, но тоа не се случи. Сакаме макро развој во државата, а тоа е невозможно без микро или локален развој на општините.

Нема подобро за македонската економија од тоа да работат бизнисмените, а преку тоа да ги полнат буџетите и на општините и на државата, вели Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг и претседател на Адора бизнис групацијата за Фактор.