По два месеци по неговата смрт, Слободан Минциковски, попознат како Чичко Цобе, конечно денеска во 13.30 часот ќе биде погребан на гробиштата во Бутел, откако граѓани донираа средства да се соберат и преостанаите 4.000 денари потребни за погреб.
Неговото тело од почетокот на август чекаше да биде погребано, бидејќи немаше кој да го плати погребот.
Министер кој сакал да остане анонимен дал 3.000 денари, дознава весникот „Независен“.
Слободан Минциковски продаваше стари книги, списанија и учебници во една од дрвените куќички покрај кејот на Вардар во делот на „Дрво Декор“. Тука беше постојано, спиеше, се хранеше и продаваше. Пред една година едниот син загинува во сообраќајка.
На 2 Август оваа година се случи немил настан, кога во ноќните часови беше нападнат од четворица и беше претепан. После два-три дена Чичко Цобе подлегна на повредите и од тогаш бече во капела Бутел и немаше кој да го погреба.
Не беше евидентиран како бездомник, затоа што имаше куќа на негово име во едно скопско село, не примаше социјална помош, има син и ќерка кои не се во можност да ги покријат во целост трошоците.
Минциковски на крајот на 70-те години на минатиот век, кратко време бил член на легендарната група „Леб и сол“, дознава „Фокус“




