Четврта тужба против Теута Арифи од Општина Тетово

Општина Тетово поднесе тужба против поранешната градоначалничка на општината Теута Арифи за злоупотреба на службената положба и оштетување на општинскиот буџет за над 66 милиони денари.



Од општина Тетово истакнаа дека тужбата е поднесена под сомнение за прекршување на Законот за работни односи, Законот за управување со буџетски книги и корисници на буџетот на општината.

Претходно, општина Тетово побара од сите вработени кои склучиле договор со општината писмено да одговорат за работата што ја извршувале во оваа институција, по што по истекот на рокот и ревизијата во текот на февруари годинава, општина Тетово поднесе тужба против поранешниот претседател под сомнение за злоупотреба на буџетот.

Ова е четврта тужба против Арифи од општина Тетово./ Алсат.мк