Четврт случај на починато бебе од морбили

Во текот на вчерашниот ден десет и пол месечното бебе кое повеќе од две недели било на интензивна нега починало како последица од компликации од мали сипаници.



Д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје нформираше дека кај бебето претходно не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано, но имало тешка пневмонија и мозочно крварење.

Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега.