Четири лица се убиени, а две други се повредени по масовното пукање во југозападниот кварт на Филаделфија во понеделникот вечерта, соопшти полицијата, најновото избивање на оружено насилство во Соединетите држави.
Масакрот се случил еден ден откако две лица беа убиени, а 28 беа повредени за време на маалска забава во градот Балтимор, Мериленд.
Убиените жртви се сите мажи, на возраст од 20 до 59 години, соопштија властите. Двете хоспитализирани жртви се момчиња на возраст од 2 и 13 години и се во стабилна состојба, пренесе USA Today.
Полицајците го бркала осомничениот додека тој продолжил да пука, а бил уапсен на една улица откако се предал, соопштија од полицијата.
Тој имал панцир, повеќе магацини со куршуми, „пушка од типот АR“, пиштол и полициски скенер…
„Во овој момент, сè што знаеме е дека оваа личност стрелаше во луѓе“ – рекоа од полицијата.







