Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага за набавката на софтвер за изборните резултати против четири члена на Државната изборна комисија и еден управител и сопственик на правно лице, пишува САКАМДАКАЖАМ.МК.
Станува збор за набавката на софтвер од компанијата „Дуна“, за која постапката заврши само една недела пред денот на изборите (8 јули). Оваа набавка беше спроведена без објавување оглас, со директно преговарање.
Вечерта на изборите падна веб сајтот на ДИК со резултатите од предвремените парламентарни избори на 15 јули и јавноста не можеше да се информира за броењето на гласовите.





