На предвремените локални избори за градоначалничката фотелја во Штип и Пласница на 13 декември ќе учествуваат Сашко Николов од СДСМ, Лазар Наумов од ТМРО и Трајче Митов како независен кандидат во Штип, како и Алија Јаоски од ДУИ во Пласница.



Неколку партии најавија дека нема да учествуваат на изборите.

„Втурнувањето во опасност и загрозувањето на животите на граѓаните не е политика што ВМРО-ДПМНЕ ја подржува, ние се спротивставуваме на ваквите девијантни однесувања во политиката затоа што ситуацијата со пандемијата е девастирачка и алармантна.“ соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

На ова од СДСМ велат дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се плаши од нов пораз, од нова казна и затоа бега од граѓаните и од изборите во Штип.