На обвинителна клупа ќе седнат експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, откако Кривичниот суд денеска донесе решение со кое го одобрува обвинителниот акт за организаторите на упадот во Собранието на 27 арпил.
Четворицата, обвинителството ги гони за делото терористично загрозување на уставниот поредок.
Според Обвинителството тие на критичниот ден организирале непречено влегување на луѓе во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување насилство.
За експремиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта, и поранешениот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој е во бегство во Грција, постапката е запрена до нивно пронаоѓање.




