4-годишно дете е најмладиот патник во македонскиот автобус што излета на автопатот Струма, јавува БГНЕС.
Близнаците Луан и Албан Ахмети се најмладите жртви од стравотната автобуска несреќа што се случи утринава на автопатот „Струма“ во Бугарија, кобјави БГНЕС.

Најстариот патник има 63 години.
Според прелиминарните податоци, повеќето патници се родени помеѓу 1971 и 2004 година.
Меѓу настраданите е и државјанин од Прешево, Србија, кој бил на пат со неговата свршеница од Куманово. Има и патник со белгиско државјанство.
Според бугарскиот „24 Часа“, меѓу загинатите има и шест ученици од основното училиште „Исмаил Џемаили“ во Скопје кои биле на екскурзија со своите семејства.






