Четири земји го повлекле признавањето на Косово

Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ по седницата на Советот за национална безбедност изјави дека на претседателот Александар Вучиќ му предал дипломатски ноти од четирите земји кои го повлекле признавањето на Косово и дека Советот го овластил Вучиќ да ја информира јавноста за кои земји станува збор, јави дописникот на МИА од Белград.



Селаковиќ изјави дека Владата на Србија и Министерството за надворешни работи „ќе продолжат жестоко да се борат“ и ќе работат на повлекување на признавањето на Косово.

МинистеротСелаковиќ вели дека „соподнесувањето на барањето за членство на Косово во Советот на Европа, Приштина покажа дека не го почитува (Вашингтонскиот) договорот, дадениот збор, како ниту ставот на државата која беше домаќин на постигнувањето на договорот“.

Како што оцени, на тој начин Приштина покажала дека нема намера да дојде до решение преку дијалог, туку веќе се одлучила за едностран пристап.

„ Преку работата на нашите безбедносни служби дојдовме до информации дека најмалку две големи земји работат на поддршка на Приштина за нови признавања и спречување на кампањата за повлекување на признавањата“, изјави српскиот министер за надворешни работи.