Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент .
Во болнички услови починале 4 пациенти од Скопје (73 и 62г), Куманово (69г) и Тетово (72г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 17.674, бројката на оздравени пациенти е 14.642, на починати е 729.





