Четири од пет Срби против членство во НАТО

Бројот на граѓани на Србија против зачленувањето на нивната земја во НАТО достигна 78 проценти и е за десет отсто повисок во однос на минатата година, покажува истражувањето на белградскиот Центар за евроатлантски студии.



Само 8 отсто од учесниците во анкетата спроведена од 26 октомври до 9 ноември се изјасниле во прилог на српското членство во Алијансата, а 14 отсто не би гласале на референдум со такво прашање.

Главната причина за одбивноста е бомбардирањето на Србија, за што се определиле 57 проценти од анкетираните, а дополнителни 5 отсто не го сакаат военополитичкиот сојуз.

Според најголем дел од српските граѓани, најдобра заштита од безбедносните предизвици за Србија е „уште поблиската соработка со Русија и со Кина“, што како опција го избрале 37 отсто анкетирани.