Две третини односно 66 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека во аферата „Рекет“ се замешани и лица на повисоки позиции во власта, а само 7,2 отсто од 1.200 анкетирани одговорија дека во овој случај не се вклучени луѓе од власта.
Анкетата на агенцијата Маркет Вижн и на МКД.мк покажа дека повеќе од половината од анкетираните граѓани сметаат дека Јавното обвинителство недоволно добро ја води истрагата, а дури 81 отсто дека ЈО прикрива дела, лица, докази.
Практично 4 од 5 граѓани веруваат дека обвинителката што го води предметот Русковска намерно крие важни информации и со тоа влијае во постапката во која засега не се гонат луѓе од власта.
Деталите на мкд.мк





