Најмалку четири лица, од кои едно потешко, се избодени и повредени во напад со нож врз случајни минувачи во Нумедал во југоисточна Норвешка, соопшти денеска локалната полиција.



Според медиумите, дојавата за нападот полицијата ја добила околу 8.45 часот по локално време.

Очевидец тврди дека на лице место имало неколку амбулантни возила и три хеликоптери. На местото на настанот биле повикани и пожарникари, чиј началник тврди дека полицијата во меѓувреме успеала да го совлада напаѓачот.

„Успеаја да го фатат, имаат контрола над него. Тоа е се што знам засега“, изјави началникот на противпожарната служба.