Четири портали на провладин медиумски тајкун потрошиле фантастични 40 илјади денари за еден ден рекламирање на Фејсбук

Четири медиуми кои немаат речиси никакво влијание и читаност а се дел од мрежата на провладин медиумски тајкун потрошиле за македонски услови фантастични 40 илјади денари за еден ден рекламирање на Фејсбук.



Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит објавува анализа за платените пари од страна на медиуми на Џабир Дерала само за 24 јули, која ја користи статистиката за најплатени огласи на фејсбук.

Меѓу првите седум портали кои платиле најмногу пари дури четири се на Џабир Дерала а сите седум се блиски на СДСМ и важат за апологети на власта:

1. Фронтлајн, издавач Шорткат (Џабир Д.)
2. Рацин, издавач Шорткат (Џабир Д.)
3. Цивил (Џабир Д.)

7. Градска, издавач Шорткар (Џабир Д.)

,,Цирка 600 евра за реклами во само еден ден. Машала, машала! Тргнала работата!

Интересно е што, барем јас, на сите четири портали не забележав НИТУ ЕДНА комерцијална реклама 🙂

Уште поинтересно е ако постои некој кој тајно финансира ваква операција која можеби има за цел „да го задуши“ фејсбук просторот со рекламирани објави на селектирани портали и да не остануваат „слотови“ за објави на нерекламирани портали, кој би бил тој некој, баш чудим…”, пишува Илиевски за феноменот на рекламирање од провладини портали за кои во јавноста многу малку се знае од каде им се парите за рекламирање и други трошоци.

Линк до анализата

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid034oFPL35FyWF1F6Lied8ACtFkc8rcDs5QG1VtzWRuC53NPZK4he65Paxe4oqFpw18l&id=603272137&mibextid=Nif5oz