Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 02.09 до 04.09.2022) биле направени 1.308 тестови, а регистрирани се 254 нови случаи на КОВИД-19
Од нив во Скопје – 143, Битола – 22, Охрид – 11, Куманово – 10, Тетово – 9, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кичево и Кочани – по 5, Прилеп, Гостивар и Штип – по 4, Струмица и Гевгелија – по 3, Неготино, Ресен, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Валандово и Крушево – по 2, Струга, Делчево, Виница и Кратово – по 1.
Регистрирани се 61 реинфекции.
Министерството јавува за 412 оздравени пациенти
Во текот на изминатите 3 дена (02.09 – 04.09.2022) пријавени се 4 починати лица, од Скопје (76г), Пробиштип (62г), Велес (88г) и Виница (86г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирани починати лица.







