Четири лица починаа, 141 нов случај на корона во последните 24 часа

Четири лица починаа од последици од коронавирус во последниве 24 часа – двајца од Скопје на возраст од 54 и 55 години, пациентка од Кавадарци на 69 години и 70.годишен пациент од Свети Николе, соопшти Министерството за здравство.



Извршени биле 2.006 тестирања во истиот период при што се регистрирани 141 нов случај на ковид-19.