Четири градови се закануваат со отцепување од Украина


Украина би можела да ги загуби градовите Одеса, Керсон, Николаев и Запорожје, бидејќи поделбите во општеството се многу длабоки, предупреди заменик-претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на Советот на Рската федерација, Владимир Џабаров.



Според него, Русија е загрижена за моменталната состојба во Украина затоа што претседателот Владимир Зеленски во суштина не владее со земјата, додека „одредени сили“ можат да ја поткопаат државноста на Украина.

„Загрижени сме за таквата состојба. Поделбите во украинското општество се многу длабоки – по југоисточните региони, кои дури не сакаат да слушнат за враќањето кон Украина, би можеле да заминат Одеса, Керсон, Николаев, Запорожје…“, рече тој како што пренесуваат медиуми.