На денешен ден во 1980 година во Љубљана почина Јосип Броз Тито, претседател на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
Тој ја предводеше борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година, беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините вооружени сили од крајот на Втората светска војна, па сè до неговата смрт.
Погребот на Тито беше историски настан за кој се зборува до ден-денешен.
209 државни и партиски делегации од 180 земји од светот, се поклонија пред неговиот гроб.
На погребот во Белград присуствуваа 700.000 луѓе
На годишнината од неговата смрт во „Куќата на цвеќето“ пристигнуваат посетители од сите краеви на поранешната СФРЈ.




