Четири членови на владата си бараат работа, знаат дека ќе има смена на власта (ВИДЕО)

Четири членови на владата си бараат работа затоа знаат дека ќе има смена на власта открива новинарот Горан Момироски во емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ.



Момироски во вчерашното издание на емисијата Заспиј ако можеш во која гостин беше експертот за инфраструктура Синиша Ивановски открива дека најмалку четири члена на владата на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците веќе бараат работа во меѓународни и регионални организации институции.

Дел од членовите на владата на различни позиции веќе лично преговараат или испраќаат лични биографии до нивни потенцијални идни работодавачи.

За Момироски тоа е знак дека членовите на владата знаат дека владеачките партии ќе доживеат дебакл на следните избори и нема да можат да продолжат да бидат во владата.

Оваа информација на Момироски е во првите десетина минути од емисијата