Претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски, лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМЕ, Зоран Заев и , Христијан Мицкоски…. на православните верници им го честитаа Велигден..
Пендаровски посака Велигден да не потсети дека сега ни е потребна верба, храброст и трпение за да го издржиме овој тежок период во справување со вирусот. „А преку надминување на кризата да ја научиме најважната животна лекција за нужноста од поголема еднаквост, одговорност, солидарност и почит меѓу нас“.
Спасовски вели дека оваа година Велигден го минуваме во самоизлоација: „Затоа од нас годинава се очекува да ја совладаме нашата себичност, да понесеме саможртва за доброто на сите и овие денови да ги славиме во кругот на домот за да се заштитиме себеси и ближните. Во мирот и спокојството на домот да победи животот и да преминеме во нова иднина“, истакнува во честитката премиерот Спасовски.
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во честитката до припадници на Министерството за внатрешни работи и до сите граѓани се осврнува на борбата со коронавирусот.
„Тоа што сега за нас е прироритетно е таа победа да не биде „пирова“, односно да биде со што помалку изгубени човечки животи, затоа што само човечкиот живот има непроценлива вредност“, наведува министерот Чулев.





