Меѓу лавината честитки од сите страни за историската победа на фудбалската репрезентација на Македонија над Италија од 1:0 во баражот за Светското првенство во Катар се најдоа и тие од амбасадите на САД и на Русија во Скопје.
„Честитки за македонскиот фудбалски тим за големата победа вечерва. Стискаме палци за голем резултат во следниот натпревар и за пласман на Светското првенство“, објави на Твитер американската амбасадорка Кејт Брнз.
Амбасадата на Руската Федерација, пак, твитна честитка на македонски јазик.






