Честитка и од најновиот коалиционер на Заев за „епопејата“ од 2001 година

И Билал Касами од Движењето Беса, со кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потпиша договор за заеднички настап на парламентарните избори, со честитка за 2 Мај.



„Втори мај е празник на националната гордост!

Втори мај е празник за сите Албанци, особено за поранешните војници на ОНА и за семејствата на мачениците, бидејќи на овој датум е прогласена слободната зона Карадак. Овој датум нè потсетува на чистата војна на нашите борци, кои се бореа без никакво двоумење за Албанците да ги добијат своите права. Ваквите датуми се заборавени од различни структури, кои се повикуваа на војната и ја злоупотребија. Слупчане засекогаш ќе остане во нашите умови и срца како место на отпор и сеќавање на војната од 2001 година.

Благодарност до сите борци на ОНА, како и до семејствата на загинатите“, објави Касами на Фејсбук.