Честитајќи го Денот на независноста, Џафери ѝ посака вечност на „Северна“

Собранискиот спикер Талат Џафери ѝ посака вечност на „Северна“ во своето обраќање на приемот во чест на Денот на независноста 8 Септември.



„Никој не смее да се поигрува со безбедната и сигурна перспектива на Република Северна Македонија. Да ја чуваме, да ја градиме, развиваме и придонесеме за нејзина уште поголема демократизација, институционална консолидација и уште поцврсто меѓународно етаблирање, секој во својата сфера не делување“, порача Џафери пред присутните.

„Верувам дека во сите нас има сила, волја, решителност и визија за тоа каде сакаме да ја видиме Република Северна Македонија. Имаме една заедничка држава во аманет и сите сме одговорни за неа. Само така ќе живее и понатаму сонот на нашите предци.

Нека е вечна Република Северна Македонија!

Нека е честит Денот на независноста!“, заврши тој.